Connect with us

Фудбал

Гвардиола ја тресе Барселона: Подгответе се за заминувањето на Меси!

Пеп Гвардиола смета дека Барселона е пред период на сличен на оној на Реал Мадрид кога замина Кристијано Роналдо. Споредбата е јасна, со оглед на моментот кога Лионел Меси конечно ќе го напушти „Камп Ноу“. Јавниот судир со Ерик Абидал предизвика гласини за рзаделба помеѓу Меси и клубот од Каталонија.

„Кралевите“ веќе знааат како е да се изгуби голем играч, бидејќи тие ја завршија сезона 2018-19 на третото место по трансферот на Роналдо во Јувентус, откако освоија три последователни титули во Лигата на шампионите.

И Пеп, кој ги познава најдобро Меси и Барселона, ги предупреди своите поранешни работодавци дека треба да се подготват за потенцијалното заминување на ѕвездата.

„Неизбежно, овие играчи се толку важни за тимот, кога ќе заминат оставаат огромни празнини. Кога Меси ќе ја напушти Барселона, на клубот ќе му треба извесно време да се прегрупира. Неизбежно е. Го видовте негативното влијание што го имаше заминувањето на Роналдо од Реал Мадрид. Не може да не се почувствува недостатокот на овие играчи, кои постигнуваат 40, односно 50 голови по сезона“, рече Гвардиола