Фудбал
Гвардиола: Ќе останев во Сити и ако судот не ја укинеше казната
Кога УЕФА донесе одлука да го казни Манчестер Сити со исфрлање од европските купови на две години, многумина помислија дека Гвардиола ќе си замине од „Етихад“.
Тврдеше Шпанецот дека тоа нема да се случи, бидејќи веруваше дека казната ќе падне пред Судот во лозана, што на крајот и се случи. Денеска кога е јасно дека Сити ќе остане член на Лигата на шампионите и во следната сезона, Гвардиола порачува дека не би го напуштил клубот ни ако одлуката на судот беше поинаква.
„Мојата ситуација е сосема јасна. Не е важно дали сме во Лигата на шампионите или не или сме во Лига 2, каде што многумина сугерираа дека би требало да не исфрлат. Јас секако ќе останев во Сити. Можеби сега после сето ова да останам и некоја година подолго“, вели Гвардиола.
Додека Јирген Клоп малку воздржано прокоментира дека е неправда што на Сити му е тргната казната, Жозе Мурињо немаше влакна на јазикот. Порача дека тоа е скандал и срамота. Пеп имаше одговор на тоа.
„Жозе и другите тренери би требало да знаат дека ние, всушност, сме оштетената страна. Нам би требало другите да ни се извинат. Да направевме нешто погрешно, ќе ја прифатевме казната на УЕФА и ЦАС. Не очекуваме Ливерпул, Арсенал, Челзи, Тотенхем Вулверхемптон и останатите да не бранат. Но, можеме ние сами да се браниме. Имавме право на тоа, бидејќи сметавме дека сето тоа што направивме беше исправно“.
Одлуката на Судот во Лозана Шпанецот ја дочека со воодушевување.
„Судот го сочинуваат тројца независни судии. Нивната одлука е добра за фудбалот, бидејќи се работевме како и останатите клубови во Европа. Нашата репутација е извалкана, други не обвинуваа и осудуваа истовремено, пресумпцијата на невиност не постоеше. Би било убаво ако добиеме извинување“, порача Пеп Гвардиола.
Sportclub.mk