Фудбал
Гвардиола: „Кога ќе чукне Реал Мадрид на вратата, се тресат другите клубови“
Гвардиола има доверба во Стерлинг, но стравува од моќта на Реал Мадрид.
Рахем Стерлинг, наводно, е на мета на Реал Мадрид, особено по казната од Манчестер Сити во УЕФА, со која ќе биде исклучен две сезони од Лигата на шампионите.
Сепак, Пеп Гвардиола не е загрижен за посветеноста на Рахем Стерлинг кон Манчестер Сити, иако тој многу добро ја познава моќта на Реал Мадрид кога сака играч и желбата на многу играчи ширум светот да го носат „Кралскиот“ дрес.
„Сите клубови знаат дека кога Реал Мадрид или Барса тропаат на вратата, другите клубови треба да се исплашат, затоа што ќе бидат помалку или повеќе во неволја“, рече Гвардиола.
„Барселона и Реал Мадрид се веројатно најмоќните тимови во историјата според тоа колку се добри. Ова е нормално и јас целосно го разбирам“.
„Но, од друга страна, сите ја гледаат посветеноста на Рахем на секој натпревар од кога дојдов. Никогаш не се повредува и кога е повреден, тој брзо се враќа“.
„Тој е посветен на секој натпревар, напад и одбрана … тој е еден од најдобрите играчи во светот и нормално е дека големите клубови го сакаат во составот“.