Connect with us

Фудбал

Гвардиола на своите фудбалери им ја забрани божикната прослава

Фудбалерите на Манчестер Сити не присуствуваа на клупската прослава на Божик, бидејќи тоа беше забрането од страна на  нивниот тренер Пеп Гвардиола.

Гвардиола не сака да се повтори резултатите од минатата година кога екипата за празниците бележеше слаби резултати, а според тренерот тоа било поради опуштеност и претерано славење. Прославата на Сити помина без фудбалерите, кои се подготвуваат за дуелот против Арсенал.

Во моментов Манчестер Сити има дури 14 бода помалку од Ливерпул, и шанси за одбрана на титулата во домашното првенство се скоро изгубени.