Connect with us

Фудбал

Гвардиола најде замена за Силва

Објавено:

Давид Силва сигурно ќе го напушти Манчестер Сити на крајот на оваа сезона.

Тој го потврди тоа претходно, бидејќи не ја продолжи соработката.

Во Сити се свртуваат кон потрагата по негова замена, а засега се издвојува едно име. Станува збор за 23-годишниот Аргентинец Ејми Буенди кој игра за Норвич.

Буенди запиша седум асистенции во својата деби сезона во Премиер лигата, а досега не се запиша во листата на стрелци.

Тоа и не е негова работа, иако тој беше цел на критики поради тоа.

Норвич е на добар пат да испадне од лигата, па трансферот во Сити би бил полесен за постигнување.

Неговата цена во моментов е 14,5 милиони евра, а договорот важи до 2024 година.

Тој пристигна во Англија од шпанскиот Хетафе.

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама