Фудбал
Гвардиола: Не сакам да се откажам од Агуеро
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги отфрли медиумските наводи дека Агуеро може да се пресели во Атлетико Мадрид.
Иако договорот на аргентинскиот напаѓач со Манчестер Сити важи до 2020 година, се повеќе се шпекулира дека Агуеро би можел да замине во Атлетико Мадрид, во кој веќе имал прилика да игра.
Сепак, Гвардиола посочува дека нема да дојде до враќање на Агуеро во Мадрид.
“Не сакам да се откажам од Агуеро. Тој ќе биде тука додека тој не одлучи дека неговото време во Манчестер Сити заврши. Како што реков повеќе пати во текот на сезоната, не мислам дека ќе не напушти. Но во фудбалот никогаш не се знае”, рече Гвардиола.