Фудбал
Гвардиола нервозен: Колку натпревари на Лајпциг гледавте? Колку? Можеби ќе полудам во реваншот и ќе играм со девет напаѓачи!
Видно нервозен, но со изразена желба да ја сокрие таа нервоза, Пеп Гвардиола им се обрати на медиумите по ремито со РБ Лајпциг (1:1) во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. На прв поглед, резултатот не изгледа толку лошо за “Граѓаните”, сѐ уште е во нивни раце, одлуката паѓа на нивен терен, па се чини дека шпанскиот стручњак повеќе го изнервирале новинарските прашања и изјави отколку пропуштениот триумф.
-Среќен сум за целата игра, не само за првото полувреме“, сакаше Гвардиола веднаш да им даде до знаење на новинарите дека не е загрижен, за да започне нешто поагресивно. „А што очекувавте? Да играме пријателски натпревар овде? Колку натпревари со Лајпциг сте гледале? Колку? Луѓето мислат дека секогаш треба да победуваме со 4:0! Тоа не е реалност! Извинете, не можеме. Во оваа фаза од натпреварувањето останаа само најдобрите екипи. Го знаевме тоа многу добро. Впрочем, ова е наш четврти натпревар во последните десет дена. Многу хостирање, патувања, луѓе и очекувања. Без разлика на се што се случи синоќа, сепак сме добар тим кој работи напорно. Направивме многу добри работи и ќе продолжиме во таа насока“.
Шпанецот ги пофали своите ривали и потсетува дека одлуката сепак паѓа во реваншот…
„Во вториот дел ги подигнаа линиите, повеќе притискаа, ни создаваа проблеми во градењето на нападот, но и по примен гол успеавме да се вратиме и да бидеме опасни во последните петнаесет минути. Имавме добри шанси во двете полувремиња. …
Многу коментари предизвика фактот што Гвардиола не направи ниту една промена.
„Играа со шест напаѓачи. Тие се неверојатни играчи. Она што го имавме на теренот во тој момент беше токму она што ни требаше. Работев во Германија, добро го познавам Лајпциг и добро го анализирав – ни требаше таква контрола, вели Гвардиола, кој додаде:
„Не знам зошто мислите дека Лајпциг е лош тим? Овде го победија Реал Мадрид, цело полувреме беа многу подобри од Баерн…