Фудбал
Гвардиола: Никогаш нема да ги водам овие две екипи!
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во пресрет на дербито против Манчестер Јунајтед во полуфиналето на Купот Карабао, изјави дека никогаш нема да седне на клупата на двата тима во иднина. Станува збор за две одлични, светски познати екипи.
„На денот кога нема да имам повеќе понуди ќе одам на одмор на Малдиви. Ќе одам на оние места каде нема фудбалски игралишта. Едно е сигурно. Како тренер на Манчестер Сити и Барселона, јас никогаш нема да ги водам тимовите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид“, рече Гвардиола.