Фудбал
Гвардиола ништо не сокри и на новинарите му зборуваше за Пјаниќ
Тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола вечерва на прес конференцијата зборуваше за Миралем Пјаниќ.
Претходните денови скоро секаде се пишуваше дека Пјаниќ е голема желба на Манчестер Сити, па сето тоа замина толку далеку што почна да се зборува дека Сити ќе испрати понуда од 100 милиони евра.
Сепак, вечерва Гвардиола ги демантираше овие гласини.
„Тој е фудбалер на Јувентус, не сме заинтересирани за него“, кажа Гвардиола, а ова го пренесува „Football Italia“.
„Има уште неколку недели до крајот на преодниот рок. Ќе мора да одлучиме дали ќе доведеме некого, но во овој момент имаме се што ни треба. Имаме играчи на сите позиции. Во последните денови ќе видиме дали можеби сакаме да доведеме уште еден играч или не. Нашите скаути секогаш гледаат играчи на сите позиции. Немаме малку играчи на позиција заден везен затоа што имаме играчи кои можат да ја покриваат таа позиција“, рече Гвардиола.
Покрај Сити, за Пјаниќ наводно биле заинтересирани Челзи и Барселона.