Фудбал
Гвардиола: Останувам во Ман Сити, дури и ако не исфралт во 4-та лига
Пеп Гвардиола им порача на фудбалерите на Манчестер Сити дека е целосно посветен на клубот и ќе остане дури и ако клубот е исфрлен во Лига два, четврта лига по ред во англискиот фудбал.
Рахем Стерлинг е исто така посветен на Сити и покрај одлуката на УЕФА за забрана на англискиот шампион да се натпреварува во европските натпреварувања во наредните две сезони, поради сериозни прекршувања на правилата за фер-плеј.
Сити ќе ја обжали пресудата до Спортскиот арбитражен суд.
По одлуката на УЕФА во петок, имаше многу гласини дека шпанскиот селектор ќе одлучи да го напушти Сити.
Но, Гвардиола цврсто рече дека нема да го напушти клубот без разлика во која лига ќе игра.
„Гледај, ќе останам овде, без оглед на тоа каде ќе играме. Дури и ако не испратат во Лига два, јас сепак ќе бидам тука. Сега е време да останеме заедно“, рече Гвардиола пред играчите на Ман Сити, пренесува „Скај Спорт“.
Договорот на Гвардиола со Сити истекува на крајот на сезоната 2020/21 и тој нема намера да го раскине.