Фудбал
Гвардиола под истрага поради мотивирање на граѓаните и поддршка на протести во Каталонија
Започната е истрага над премиерлигашкиот тренер, Пеп Гвардиола, затоа што за време на каталонското “будење” во Барселона присуствувал на митинзите и пред каталонскиот народ одржал говор.
Пред насобраниот народ, Гвардиола потврди дека ќе гласа за независност за време на референдумот иако истиот нема да биде признаен од шпанската држава.
Гвардиола е под сомение дека со своите потези ги мотивирал граѓаните да излезат на улица, да протестираат и да го подржат нелегалниот референдум. За време на еден првенствен натпревар, Гвардиола на сакото носеше жолта лента и на тој начин им даде поддршка на сите лица кои беа уапсени од шпанската полиција.
Со години го знам Пеп и мене ми се јасни неговите ставови. Но, сметам дека на фудбалскиот терен нема место за политика, изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.