Фудбал
Гвардиола повторно ја активира можноста за Алексис, Мурињо само ја зголемвал цената за Сити
Ливерпул е првиот тим кој оваа сезона успеа да го собори Манчестер сити на Пеп Гвардиола, ставајќи крај на сонот за сезона без пораз на досеа моќните „Сини“, совладувајќи ги со фантастични 4:3. Неочекуваниот пораз на Граѓаните повторно ја активира можноста за Алексис Санчез, откако сосема сигурен беше неговиот трансфер во Јунајтед.
„Граѓаните“ минатото лето беа на чекор до потпис со Чилеанецот, се беше договорено за трансфер вреден 60 милиони фунти, но зделката не се реализираше откако Арсенал не успеа да најде замена за Алексис Санчез и се откажа во 5 до 12.
Но Арсенал бара 35 милиони фунти, и додека лидерот на табелата калкулираше, Манчестер јунајтед достави понуда.
„Црвените ѓаволи“ се подготвени да искешираат 35 милиони фунти, да му дадат на Алексис Санчез плата од 400.000 фунти, како и богата провизија за агентите на играчот.
Па попладнево лидерите на Манчестер Сити ќе имаат средба со менаџерот на која ќе падне конечна одлука.
Како што пренесуваат медиумите од „Островото“, Пеп Гвардиола ќе разговара со генералниот извршен директор Феран Соријано, спортскиот директор Чики Бегиристан и претседателот Калдон Ал Мубарак.