Фудбал
Гвардиола пронајде дефанзивец, од името ќе се изненадите
Фудбалерот на Борнмут, Нејтан Аке наводно е желбата на Пеп Гвардиола за засилување во дефанзивната линија за следната сезона. Иако досега се спомнуваа Хозе Хименез од Атлетико Мадрид, Милан Шкриниар од Интер, па и Кулибали од Наполи, сепак веројатно изборот ќе биде Аке, кој сезонава одигра 30 меча за Борнмут, тим кој се бори за опстанок во Премиер лигата и ја има третата најслаба одбрана во лигата, односно е една од екипите со најмногу примени голови.

Како што пишува „Гардијан“ Гвардиола, односно Манчестер Сити се подготвени за овој 25-годишен фудбалер да платат околу 35 милиони евра.