Connect with us

Фудбал

Гвардиола: Сега сфаќам дека ние, тренерите и фудбалерите, не сме посебни

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја коментираше моменталната состојба во светот, кој е парализиран со месеци поради епидемијата на коронавирус.

Гвардиола, кој самиот чека да се подобри ситуацијата и конечно да продолжи фудбалот, е свесен дека сите оние на кои вообичаено им се восхитува светот, одличните тренери и фудбалери, не се толку посебни колку што мислат.

„Фудбалерите едвај чекаат да се врати фудбалот, бидејќи на некој начин тоа е нивниот живот. Сите сме добри, здрави сме, за среќа сме во добра форма“, рече Пеп, додавајќи:

„Во овој период на епидемија морам да кажам дека разбрав нешто важно. Ние, тренерите, фудбалерите не сме посебни. Посебни луѓе се лекарите, медицинските сестри, научниците и болничарите. Тие ги ризикуваат нивните животи.

Сити во моментов е второпласираната екипа во Премиер лигата со 57 бода, додека водечкиот Ливерпул има 25 бода повеќе од досегашните шампиони. Сè уште не е официјално одлучено кога и дали Премиер лигата ќе продолжи, но се повеќе е сигурно дека тоа ќе се случи во втората половина на јуни.