Поврзи се со нас

Фудбал

Гвардиола: Сите во светот имаат по пет замени, само ние се правиме паметни

Фудбалерите на Манчестер Сити вечерва ремизираа на домашен терен против Ливерпул (1:1) во дербито на осмото коло од Премиер лигата.

Ливерпул започна одлично и поведе во 13. минута кога голот од пенал го постигна Салах. Сепак, Сити набргу потоа израмни на 1:1 преку Габриел Жесус, што беше и конечен резултат на натпреварот.

Сити можеше да направи пресврт во финишот на првото полувреме, но Кевин Де Брујн не успеа да постигне гол од белата точка.

После натпреварот, Пеп Гвардиола беше доста незадоволен, и тој имаше посебна поплака за тоа што клубовите во Премиер лигата немаат право на пет замени како во остатокот од Европа. Познато е дека клубовите во Англија одлучија дека три замени на натпревар се доволни за нив.

„Разговарав со Клопм за борба за пет замени. Погледнете го англискиот играч Александар-Арнолд, се повреди пред репрезентативните обврски. Имате пет замени низ целиот свет, но само тука мислиме дека сме посебни. Не можеме да ги заштитиме играчите и тоа е катастрофа. Ќе разговарам со играчите, но и со другите тренери, за и ние да имаме по пет замени“, изјави Гвардиола.

loading...

Facebook