Фудбал
Гвардиола: Србите имаат неверојатен менталитет

Манчестер Сити ја отвора Лигата на шампионите со натпреварот против Црвена Звезда. Тренерот на „Граѓаните“ во пресрет на натпреварот истакна дека Србите се големи конкуренти.
„Се сеќавам кога Марадона даде гол во Белград со лоб, но и мојата игра во 1996 година против Звезда во Белград. Не одигравме добро, а таму секогаш има убава и жешка атмосфера. Спортската култура во прекрасните земји од поранешна Југославија е неверојатна. Имаат неверојатен менталитет, тие се исклучителни конкуренти. Погледнете што постигна Новак Ѓоковиќ. Силни се во екипните спортови, ватерполистите имаат освоено многу медали. Таму децата се учат во училиштата да бидат добри конкуренти“, изјави Гвардиола.