Фудбал
Гвардиола: Трката за титулата во лигата не е завршена
Трката за титулата англиски шампион не е завршена, изјави менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола по убедливата победа од 4:1 против Арсенал. И покрај поразот, Топџиите и понатаму се во водство, но нивната предност сега е само два бода, а Граѓаните имаат два меча помалку.
„Луѓето велат дека е готово, но не е. Ќе биде готово кога ќе заврши. Имаме уште седум натпревари, мора да ја одиграме нашата игра. Сега ни претстои гостување кај одличниот Фулам“, изјави Гвардиола за новинарите во петокот.
„Ние сме во натпревари каде секој се бори за нешто. Фулам има посебен стадион и организиран тим. Нема да земеме ништо здраво за готово“, додаде менаџерот.
„Не можеме да бараме од секој играч во период од 10 години со натпревар на секои три дена, 11 месеци последователно, со само три недели одмор, постојано да биде најдобро“, рече Гвардиола.
„Значи, понекогаш е добро да седите и да не играте. Тоа не е казна, понекогаш треба да го сфатите тоа и да го освежите умот”.
Фулам и Сити се соочуваат во недела, додека Арсенал во вторник игра со Челзи.