Connect with us

Други спортови

Гвардиола тропа на вратата на Барселона

Пеп Гаурдиола би можел да направи интересен потег.

Според „Ел Национал“, Гвардиола во Манчестер Сити го сака 17-годишно чудо од Барселона, Гави, кој веќе прераснува во клучен играч на Каталонците, а Луис Енрике му даде можност да дебитира за репрезентацијата на Шпанија во финалето на Лигата на нации.

Гави е еден од најголемите светски таленти и веќе како малолетен покажува дека е сериозен играч кој ќе ја одбележи иднината на светскиот фудбал.

Парите на Барселона од Сити секако добро би ѝ дошле во моменталната ситуација на гигантот покрај Каталонија, но во ростерот на Барселона има доста млади играчи врз кои Чави ќе ја гради иднината, па евентуалната продажба на Гави би ги искомплицирало работите.

Сигурно ова е меч со две острици, а во Барселона треба добро да размислат што и како, особено кога ќе дојде официјалната понуда од тимот на „Етихад“.

Реклама

Facebook

Реклама