Connect with us

Фудбал

Гвардиола: Важно беше што постигнавме рано гол

Шампионот на Манчестер Сити победи со 2-0 на гостувањето кај Барнли и повторно се најде на врвот на табелата во Премиер лигата . Менаџерот на граѓаните, Хосеп Гвардиола го сподели своето видување за натпреварот, истакнувајќи дека раниот гол многу помогнал.

„Дојдовме до победата и ја остваривме. По пауза за репрезентациите се е можно. Високата трева донекаде не попречи, но брзо се адаптиравме“, изјави Гвардиола.

„Беше важно што постигнавме гол на почетокот, но останаа уште 85 минути. Во вториот дел противникот почна да притиска. Домаќините преминаа на 4-4-2 и станаа поагресивни. Ситуацијата се искомплицира со тоа што не постигнавме трет гол“, продолжи Пеп .

„Добро е што се бориме за титулата. Сакавме да бидеме во оваа улога во април и мај. За ова се стремиме во последните 10-11 месеци“, изјави каталонскиот специјалист.