Connect with us

Фудбал

Гвардиола во Наполи пронајде ново засилување за Сити

Манчестер Сити се уште се надева дека ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона.

Затоа Гвардиола веќе започна со подготовките на тимот за да се обиде да го освои тоа натпреварување со Сити следната сезона.

Според англиските медиуми, Гвардиола најде ново засилување во Наполи, а тоа е Фабијан Руиз.

Овој фудбалер зад себе има навистина добра сезона и неговата примарна позиција е во средниот ред.

Гвардиола верува дека тука се „клата“ тимот на Манчестер Сити и се надева дека ќе успее да го договори пристигнувањето на Руиз.