Фудбал
Гвардиола збеснал по поразот од Мурињо, 45 минути ги заклучил фудбалерите во соблекувална
Манчестер Сити загуби на гостувањето кај Тотенхем со 2:0, Гундоган при 0:0 не реализираше пенал, а сега разликата во однос на Ливерпул е 22 бодови. Тренерот на „Граѓаните“ Пеп Гвардиола бил многу бесен по мечот.
Според неколку тамошни медиуми, тој толку бил изреволтиран што 45 минути ги држел под клуч фудбалерите. Бил бесен што неговиот тим загубил, иако имал повеќе шанси и посед на топка.
Сепак, откако се појавил пред новинарите изјавил дека не ги критикувал играчите, туку разговарале за натпреварот, затоа се задржале толку долго.
