Фудбал
Гвардиола зборуваше за густиот календар на Манчестер сити
Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, пред натпреварот од 26. коло на англискиот шампионат против Вест Хем, зборуваше за пренатрупнатиот календар на тимот.
– Имавме само два дена да се одмориме пред натпреварот со Вест Хем, а нашиот противник имаше шест. Дали е ова изговор? Во никој случај. Ова е предизвик што клубовите од Лигата на шампионите мора да го прифатат. Не можете да го користите распоредот како изговор. Секој што ќе рече: „Имаме само два дена да се подготвиме“, не може да биде во овој клуб. Не станува збор за замор, туку за моите барања кон мене и играчите, го цитира „Goal“ Гвардиола.
Натпреварот Манчестер сити – Вест Хем ќе се одигра денес со почеток во 13:30 часот.
По 25 кола во Премиер лигата, Сити е убедливо прв со 59 бода, десет повеќе од второпласираниот Манчестер јунајтед. Вест Хем е на 4. место со 45 бода.