Фудбал
Гвардиола зборуваше за предизвикот против Реал во ЛШ, го раскажува неговиот сон за Зидан
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше на прес-конференција за натпреварот против Оксфорд во Лига Купот. Менаџерот на шампиони во Англија беше запрашан за сè, само не за утрешниот натпревар. Шпанецот кажа дека имал сон да игра со Зидан како фудбалер, но на крајот не се реализирал, па затоа е среќен што ќе го стори тоа како тренер.
„Реал Мадрид е крал на Лигата на шампионите. Сонував да играм со Зидан во Јувентус, но тоа не беше реализирано. Ел Класико? Јас нема да го гледам за жал, бидејќи ја имам мојата игра“.
На 26 февруари Манчестер Сити му гостува на Реал Мадрид во првиот натпревар од нокаут фазата во Лигата на шампионите.