Connect with us

Фудбал

Гвендузи не му прости на Маупеј за повредата на Лено: Жстока пресметка по натпреварот (ВИДЕО)

Арсенал претрпе пораз во натпреварот против Брајтон на многу чуден начин.

Фудбалерите на Арсенал имаа водство од 0:1, но успеаја да го прокоцкаат, а во 95. минута примија гол што значеше пораз.

Интересно е што тој погодок го постигна Маупеј, играч кој поради невнимание го повреди голманот на Арсенал, Бернд Лено во првото полувреме.

Фудбалерите на Арсенал очигледно не му простија за тоа, а особено не Гуендузи, кој веднаш по последниот судиски свиреж започна пресметка со него.