Гвидолин го предупредува Милан: За неговиот квалитет не се дискутира, но јас се сомневам

Франческо Гвидолин го даде своето мислење за евентуалното враќање на Златан Ибрахимовиќ во Милан.

„Неговиот квалитет не може да биде доведен во прашање и тој беше еден од најдобрите фудбалери во последните дваесет години“, изјави Гвидолин за „Кориере дела Сера“.

„Тој знае да го носи цел тим на рамената и би дал поголема важност на секој клуб во кој оди, но јас се сомневам. Годините не се малку, мора да се види дали може да го даде максимумот во физичка смисла“.