Поврзи се со нас

Други спортови

Хабиб беше запрашан за продолжување на кариерата, а тој одговори: Купив овци, имам крави и бикови…

Хабиб Нурмагомедов уште еднаш потврди дека нема намера да се врати во спортот на ММА.

Орелот ја заврши својата кариера пред еден месец и сега е подготвен да се посвети на новите предизвици во животот.

„Ќе дипломирам следната година и сакам да направам уште повеќе напредок во однос на образованието“, рече Хабиб, додавајќи:

“Купив овци, се занимавам со земјоделство и би сакал да развијам бизнис во тоа. Имам и крави и бикови, посветен сум на земјоделството. Сè уште не сум на високо ниво, но штотуку започнав. Сакам да работам таму каде што сум корисен и ова не е некаква политика “.

Потоа уште еднаш потврди дека не се враќа во октагонот.

“Може да се борите до 40-та година од животот, но треба да имате цел. Моето беше да се стигнам до врвот. Дојдов таму и веќе немам интерес за борба”, истакна шампионот.

Хабиб исто така лансираше мобилен оператор кој ќе работи од декември.

loading...

Facebook