Поврзи се со нас

Други спортови

Хабиб доби повик кој не се одбива

Хабиб Нурмагомедов реши да ја заврши кариерата по мечот против Џастин Гаетже.

„Орелот“ реши да оди на врвот на својата кариера и да нема пораз (29-0), и сега ќе се посвети на семејство кое со години е во подредена позиција.

Хабиб одлучи да го помине времето во селото каде што порасна, но во исто време ќе раководи со клуб во Макачкала, каде растат нови шампиони.

И откако ќе се смири ситуацијата со пандемијата на корона, Хабиб ќе се упати кон Москва на состанок со рускиот претседател Владимир Путин.

Путин изрази желба лично да му честита на Хабиб за постигнатите достигнувања. Нивната средба ќе биде организирана штом има можности за тоа и ова е само уште еден доказ дека Нурмагомедов ја направи цела Русија многу горда.

Хабиб и неговиот прерано починат татко беа гости на Путин во 2018 година кога го победи Конор Мек Грегор, а рускиот претседател лично се погрижи Абдулманап да добие трансфер во Москва по здравствените проблеми.

За жал, неговото срце не издржа и тој почина на почетокот на јули, а Хабиб реши да се повлече од светот на ММА.

loading...

Facebook