Connect with us

Други спортови

Хабиб го критикувше претседателот на Франција, па стигна жесток одговор и тоа од Русија

Дагестанецот Хабиб Нурмагомедов и натаму е во центарот на вминанието, но овој пат наместо борбите, поради критиките упатени на адреса на францускиот претседател Емануел Макрон. По терористичките напади во градот Ница, Макрон се огласи и порача дека на исламскиот радикализам треба да му се стави крај. Ваквите изјави го налутија Хабиб кој е посветен на верата и одлучи да одговори.

-Нека Возвишениот го унакази лицето на ова суштество и неговите следбеници, кои под слоганот на слободата на говорот го навредуваат чувството на една ипол милијарда муслимански верници. Нека Возвишениот го понижи во овој, но и во другиот живот. Господ е брз во своите дела и ќе видите, напиша Хабиб.

Меѓутоа стигна и првиот одговор и тоа од Русија. На оваа тема се огласи поранешната кандидатка за претседател на Русија, Ксенија Собочак. Таа го критикуваше Хабиб поради фотографијата на Макрон која ја објави, како и изјавите на сметка на францускиот претседател.

-Хабиб ти си херој на многу луѓе од Русија, кои кон тебе се однесуваат како кон пример. Неодамна направи многу Руси да бидат горди на својата земја поради твојата победа. Ја почитувам твојата посветеност на верата, имате право да верувате и сакате кого вие сакате. Но, нели мислите дека вашите коментари упатени кон францускиот претседател можат да се разберат како потик за насилство врз Макрон. Тој никогаш не зборуваше против муслиманите, тој само го осуди исламскиот радикализам и терористите кои ги сторија тие убиства, а тоа Куранот го смета како голем грев, нели? Се прашувам дали може да се изрази своето мислење на помалку агресивен и пријателски начин, порача Собочак.