Други спортови
Хабиб некогаш и сега: Сè се смени, освен еден детаљ
Славата и парите обично го менуваат човекот, сепак како и секогаш има исклучоци. Исклучок е дефинитивно најдобриот УФЦ-борец на сите времиња, Хабиб Нурмагомедов.
Хабиб се пензионираше пред неколку недели како борец кој ја заврши кариерата без пораз откако го победи Гаетже.
Дагестанецот успешно го бранеше појасот и ја славеше победата со кревање на прстот, што според исламското верување претставува постоење и верба во само еден Бог.
Подигањето на еден прст во воздухот е нешто што го придружува Хабиб во текот на неговиот живот. Доказ за тоа е неговата фотографија од детството.
Годините поминаа, изгледот и физиономијата се сменија, Хабиб сега е сосема поинаков лик, сепак не се откажа од кревање на еден прст.
https://www.facebook.com/khabibnurmagomedovfans/posts/2768813720028585
Патем, овој 32-годишник е познат како исклучително реален човек, што честопати така се истакнува во јавноста.