Други спортови
„Хабиб ќе го прифати реваншот со Конор“
Поранешниот шампион во УФЦ и сега соработник на организацијата Мајкл Биспинг откри дека Хабиб Нурмагомедов ќе прифати реванш против Конор МекГрегор.
Откако зборуваше со првиот човек на УФЦ, Дан Вајт, Биспинг откри дека добил потврда дека Хабиб ќе се согласи на нов натпревар.
„Го прашав Ден Вајт: Дали Хабиб навистина ќе се согласи на нивниот предлог? Тој ми одговори: Кабиб ќе се согласи на борбата“, рече Биспинг и продолжи:
“Кабиб ќе има борба со Тони најпрво во април, а потоа ќе направи кратка пауза. Конор ќе треба да чека подолго за борба во тој случај. Тој не сака, па затоа преговара за нова борба со Нејт Дијаз. Вајт рече кажа дека првата борба на Конор и Кабиб во УФЦ оствари најголем профит во историјата, така што реваншот би можел да биде уште поголем. Конор го сака Хабиб, но бидејќи не може да го добие веднаш, неговиот избор е Дијаз”, рече Биспинг.
Кабиб и Конор направија вистински хаос во 2018 година, при што Хабиб исдвојува победа.