Други спортови
Хабиб ќе има мирна пензија, погледнете колку заработил од борбите
„Орелот од Дагестан“ како што го нарекуваат Хабиб Нурмагомедов, одлучи да се пензионира по борбата и победата против Џастин Гејџи. Со 29 победи без ниту еден пораз, Хабиб ќе се пензионира.
Тој ќе има мирна пензија, барем што се однесува до финансиите, иако никогаш не ги покажувал во преден план парите, како што тоа го правеле останатите УФЦ борци.
Според светските агенции, досега, поточно од 2012-та година, Дагестанецот само од борбите заработил околу 16 милиони долари. Тука се пресметани парите добиени само да биде дел од борбата, потоа бонусот од победа, бонуси од промоциите и разни бонуси по други основи. Сепак, тој заработил и од продажбата на својот бренд, односно спонзорите исто толкава сума. Па, светските агенции велат дека на денот кога се пензионирал Хабиб имал на сметка околу 30 милиони долари.