Connect with us

Други спортови

Хабиб откри кој го удрил најсилно- не е Конор

Рускиот ММА борец Хабиб Нурмагомедов ја заврши кариерата како шампион на УФЦ во лесна категорија (до 70 килограми) со перфектен скор од 29 победи во исто толку натпревари. Аварин победи многу квалитетни борци за време на неговата кариера во УФЦ, а во подкастот на Мајк Тајсон откри кој го удрил најсилно.

„Џастин Гејџ удира како камион. Никој досега не ме удрил толку силно. Неговите „клоци“, тупаници… Лево кроше, десно кроше, десен аперкат. Сакав да ме удри затоа што на тој начин сакав да го вовлечам во „длабока вода“. Сакав да го изморам на нозе, за да можам да го соборам на под и потоа да го натерам да се предаде“ , му рекол Хабиб Нурмагомедов на Тајсон, а пренесува британски „Телеграф“.

Нурмагомедов славеше со „покорен“ против Гејџ во втората борба во октомври 2020 година и тоа беше последна борба во неговата кариера.

Актуелен шампион во категоријата со која владее Хабиб е Бразилецот Чарлс Оливера кој на 11 декември ќе го брани шампионскиот појас против Дастин Поариер .

„Не можам да ја предвидам таа борба“, рече борецот од Дагестан.

Реклама

Facebook

Реклама