Connect with us

Фудбал

Хабиб сака да се сретне со иконата на спортот, понуди три овци!

Хабиб Нурмагомедов е легенда во светот на спортот, а сега е подготвен да плати необична цена за да запознае уште поголем спортист, можеби најголемиот во историјата.

На едно од средбите, американскиот комичар Боб Менери го праша Хабиб колку е подготвен да плати за да го запознае Мајкл Џордан, најдобриот кошаркар на сите времиња.

„Колку овци ќе имам за да го запознаеш Мајкл Џордан?“ Може да се слушне на објавеното видео на комичар, следен од три милиони луѓе на Инстаграм.

„Три овци. Ако се сретнеме јас и Мајкл Џордан, ќе ти дадам три овци“, одговорил неприкосновениот крал на октагонот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bob Menery (@bobmenery)

Познато е дека Хабиб веќе има својата фарма во Дагестан, а неодамна отвори и синџир ресторани, па нема да има проблем да ја испочитува својата страна од договорот.

Инаку, Нурмагомедов се наоѓа во САД, каде работи на промоција на настанот „Eagle FC“ и на различни начини се обидува да се пробие на американскиот пазар.