Други спортови
ВИДЕО: Хабиб се враќа да ја исполни последната желба на неговиот починат татко, дали се знае противникот?
Неприкосновениот првак во лесна категорија во УФЦ Кабиб Нурмагомедов минатата сабота се повлече, односно одлучи да се пензионира. Но, само неполни седум подоцна првиот човек на УФЦ Денa Вајт навестува голем пресврт.
Во интервју за ЦБС мрежата, Вајт изјави дека веќе разговарал со Хабиб и дека верува дека постојат шанси Дагестанецот да се предомисли и повторно да се врати во рингот, барем уште еднаш, за да стигне до 30-та победа во кариерата, нешто што го ветил на починатиот татко.
-Хабиб и јас разговаравме, беше многу емотивно по таа негова 29-та победа. Мислам, но и имам чуство дека ќе брка 30-0. Мислам дека ќе одработи уште една борба. Неговиот татко имаше желба Хабиб да има 30-0 и мислам дека тој ќе му ја исполни таа желба, изјави Вајт.