Други спортови
Хабиб веќе некое време не тренинра
УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов не тренира веќе неколку дена.
Причината поради која тој накратко престана да тренира беше проблем со забот. Ова го оневозможи да тренира и мораше да направи мала пауза.
„Подготовките минуваат многу добро. Во моментов сум втор ден на Емирати, но сè уште не тренирам. Забот ме боли и образот ми е отечен. Мислам дека ќе пропуштам уште еден ден од тренингот“, рече Хабиб и додаде:
„Ме видовте на турнир посветен на татко ми со маска. Тоа е исто така поврзано со забот. Верувам дека задутре повторно ќе бидам во салата“, рече Хабиб.
Да потсетиме, Хабиб се враќа во октагонот на 24 октомври кога ќе го има за свој противник Џастин Гаетхе во големата борба за појасот во Абу Даби.