Connect with us

Други спортови

Хачанов не верува дека го победил Ѓоковиќ

Рускиот тенисер Карен Хачанов им се заблагодари на навивачите за поддршка, откако во финалето на Мастерс турнирот во Париз го совлада Србинот Новак Ѓоковиќ со 2-0 (7:5 и 6:4). Дваесет и две годишниот Русин не верува во она што се случува.

Здраво момци. Последнава седмица беше фантастично! Сè уште не верувам дека го освоив трофејот. Успеав да ги покажам моите најдобри квалитети. Би сакал да им се заблагодарам на сите навивачи за таква поддршка, напиша Хачанов на социјалните мрежи.
За 22-годишниот руски, ова е четвртата титула во неговата кариера и прва на турнирот од серијата Мастерс.