Фудбал
Хадерсфилд го урна Манчестер Јунајтед
Фудбалерите на новиот англиски премиерлигаш им донесоа голема радост на своите навивачи победувајќи го во 9-то коло моќниот Манчестер Јунајтед со 2:1, што е првата првенствена победа на овој дамнешен трикратен англиски првак над „црвените ѓаволи“ уште до 1952 година, пишува Нет Прес.
Хадесрсфилд го големиот триумф го доведоа Муј во 29 и Депоатре во 22 минута. За Манчестер Јинајтед голот го постигна Рашфорд во 78 минута, но тимот на Жозе Мурињо не успеа до крајот на мечот да извлече барем еден бод.
Потклекнувањето на „црвените ѓаволи“ го искористи градскиот ривал Манчестер Сити кој пред своите навивачи со 3:0 го совлада Барнли. Стрелци за победата со којашто тимот на Пеп Гвардиола создаде пет бодови предност пред второпласираниот Јунајтед, беа Агуеро во 30 минута од пенал, Отаменди во 73 и Сане во 75 минута.
Актуелниот шампион Челзи со пресврт ја прекина серијата од два пораза на својот „Стемфорд Бриџ“ совладувајќи го Вотфорд со 4:2. Поведе домаќинот преку Педро во 12 минута,м но потоа гостите постигнаа два гола, а стрелци беа Дукур во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме, а потоа на почетокот од второто по трите пропуштени стопроцентни шанси стрелец во 49 минута беше Переира. Сепак, во последните 20 минути, екипата на Бруно Конте со три гола дојде до целосен пресврт и нови три бода,. Двапати погоди Батшуаји во 7 и петтата минута до судиското продолжение, а еднаш Азпуликуета во 87 минута.
Сензационалниот англиски шампион од 2015 година, Лестер Сити, забележа вредна победа од 2:1 на гостувањето кај Свонси, со што излезе од зоната за испаѓање и скокна на 13-то место. Гостите поведоа со автоголот на Фернандез во 25 минута, за 2:0 голот го постигна Оказаки во 49 минута, а Мејвсон во 56 минута го постигна голот за Свонси кој остана на само осум бодови.
Исто толку бодови има и Стоук Сити откако доживеа уште еден непријатен пораз на домашен терен со 1:2 од Борнмут . За Стоук погоди Диуф во 63 минута, а за гостите стрелци беа Сарман во 16 и Станислас во 18 минута од пенал. Борнмут остана претпоследен, но сега зад Стоук и групата од четири клуба си по осум бодови, зад кои заостанува само за бод.
Њукасл со голот на Мерињо во 86 минута го совлада Кристал Палас.