19-годишниот талентиран играч за врска Хакан Акгул потпиша две и пол годишен договор со Академија Пандев. Турскиот интернационалец доаѓа од екипата на Фатих Карагумрук, каде ја има поминато и целата младинска школа. Ова е прво интернационално искуство за Хакан.