Connect with us

Други спортови

Хакинен: Хонда ќе бидaт сила во Формула 1

Тандемот Ред Бул-Хонда изгледа ќе биде сила во Формула 1. Такво е мислењето на двократниот светски шампион Мика Хакинен, кој го поздрави првиот подиум на Јапонците по нивното враќање во спортот во 2015 година. Партнерството меѓу Мекларен и Хонда беше доста болно, но уште во првото натпреварување со Ред Бул во Австралија, Макс Верстапен заврши трет.

– Ова симна дел од притисокот врз нас, изјави Тојохару Танабе, технички директор на Хонда, цитира од „Диарио Спорт“.

Сепак, тој предупреди дека ќе биде потребно извесно време пред Ред Бул-Хонда да бидат подготвени за победа.

– Се уште има јасна разлика со водечките тимови, подиумот не ги менува овие околности. Тешко е да се процени каде точно се наоѓаме во однос на претставувањето. Секоја следна патека е различна, па следниот пат може да сме во различна позиција, додава Танабе.

Холанѓанецот Макс Верстапен, исто така, беше многу задоволен од освоеното трето место, како и од претекнувањето на Себастијан Фетел со помош на новиот „парти-режим“ на Хонда.

– За Хонда беше исклучително пријатно што можеше да ги надминат Ферари на патеката. Но има на што да се работи, рече пилот на Ред Бул.

Поранешниот пилот на Мекларен, Мика Хакинен, ги поздрави успешните напори на Хонда да се пробие во челото.

– Тоа одзеде четири тешки години на развој, но фактот дека Верстапен беше во можност да го претекне Ферарито на Фетел беше нешто навистина посебно. Јасно е дека Ред Бул-Хонда ќе бида сила на овогодинешниот светски шампионат, вели Финецот.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Други спортови

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com