Connect with us

Други спортови

Хакинен посочи три причини зошто Хамилтон има 30 поени пред Фетел

Двократниот светски шампион Мика Хакинен посочи три причини зошто Луис Хамилтон е пред Себастијан Фетел, иако Ферари имаат подобар болид од Мерцедес.

Пред викендот во Сингапур, Британецот има предност од 30 поени пред Германецот. Луис ќе се обиде да ја зголеми предноста на улиците на „Марина Беј“, за да се доближи до посакуваната петта светска титула, која ќе го израмни со Хуан Мануел Фанџо.

Хамилтон и Фетел во моментов имаат по четири титули во најпрестижните автомобилски натпреварувања.

– Ферари го имаат најбрзиот болид во Ф1 во моментот, но Луис Хамилтон има 30 поени предност на табелата. Никој не може да каже дека Луис води, бидејќи Мерцедес има предност. Тој е лидер бидејќи неговиот тим врши подобра работа, вели Хакинен.

Еве ги и трите причини на Мика Хакинен зошто пилотот на „сребрените стрели“ е пред Фетел.

– Прво, Луис има природен талент, особено на влажна патека, па така успеа да го разочара Ферари за време на викендите, кога имавме дожд. Второ, тој има исклучителни тркачки вештини и не ги прави грешките, кои Фетел ги дозволува, особено на стартот. И трето, тој има фантастично тимско партнерство со Валтери Ботас, смета Финецот.

Хакинен забележа дека Луис направил се „по конец“ на трката во Италија, а Валтери му помогнал многу.

– Двата Мерцедеса го победија Ферари дома, бидејќи од самиот почеток беше јасно дека Ферари имаат двајца пилоти, кои се натпреваруваат едни со други, додека Мерцедес работеа во тандем, додава поранешниот Ф1 шампион.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com