Connect with us

Фудбал

Халанд брзо ќе стане минато: Борусија претстави ново засилување!

Ерлинг Халанд (21) ќе биде нов член на Манчестер Сити, а тимот на Борусија Дортмунд брзо најде негова замена.

Токму германскиот напаѓач Карим Адејеми (20) доаѓа во редовите на тимот од Дортмунд од тимот на Ред Бул Салцбург. Двата тима потврдија. Адејеми играл за младинските селекции на Баерн и Унтерахинг. Потоа во 2018 година отиде во Салцбург, каде целосно експлодираше. 20-годишникот привлече големо внимание кон себе. Се избори и за покана во германската репрезентација, а сега дојде голем трансфер. Борусија за услугите на овој фудбалер ќе плати 38 милиони евра плус бонуси, а договорот е потпишан на пет години. Адејеми одигра 92 натпревари за австрискиот гигант и постигна 33 гола.