Connect with us

Фудбал

Халанд е опседнат со некои работи, а се буди со химната од Лигата на шампионите, еве детали од неговиот приватен живот!

Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд иако има само 23 години важи за еден од најдобрите, ако не и најдобар напаѓач на светот.

Едноставно е неверојатно колку лесно постигнува голови во најсилната лига на светот, Премиер лигата, како и Лигата на шампионите. Тој е вистински ѕвер на теренот, а причината поради која се однесува како терминатор, заедно со внимателно избраната диета, е неговата неверојатна опседнатост со одредени работи, пишува „The Sun“.

Норвежанецот добро се грижи за своето тело и одамна е познато дека има специфичен систем и дневен план кој вклучува посебен режим на исхрана. Сега е откриено дека Норвежанецот е опседнат со квалитетот на својот сон. Халанд смета дека спиењето е поважно од се во животот и е убеден дека добриот одмор ги подобрува неговите перформанси на теренот.

Напаѓачот на Манчестер Сити секогаш легнува во периодот од 22:00 до 22:30 часот, освен кога игра натпревари од Лигата на шампионите. Тој ги исклучува сите електронски уреди долго пред спиење и е недостапен за никого додека спие. Во текот на ноќта, тој носи специјален уред на прстот кој го мери квалитетот на спиењето, промената на температурата, стресот и отчукувањата на срцето. Уредот кој личи на прстен е со цена од 400 долари.

Експертот за спортски науки Калум Волш ја коментираше опсесивноста на Халанд.

„Тој е екстремна верзија на Златан Ибрахимовиќ. Да речеме дека е на нивото на Кристијано Роналдо во сите аспекти“.

Исто така, со часови пред да излезе, Халанд носи специјално дизајнирани портокалови очила кои ја блокираат високата енергија што ја емитуваат природните светла и дигиталните екрани.

Интересно е и тоа што Халанд се буди со тонот на химната на Лигата на шампионите.