Фудбал
Халанд ги игнорираше дечињата кои се собраа поради него, па доби свирежи (ВИДЕО)
Норвешката репрезентација во саботата попладне беше поразена на домашен терен од Шкотска (1:2), а Ерлинг Холанд доби реакција од навивачите на која не беше навикнат.
По натпреварот, во кој напаѓачот на Манчестер Сити го постигна единствениот гол за Норвешка (од пенал) пред Шкотите да свртат се во своја полза, десетици деца ја чекаа ѕвездата на репрезентацијата пред стадионот. Собрани зад заштитната ограда, момчињата го извикуваа неговото име со надеж дека фудбалската суперѕвезда барем ќе застане да даде неколку автограми. Сепак, само им мавна на момчињата и се качи во автобусот.
Erling Haaland is booed by Norway fans after getting straight on the team bus after losing to Scotland 🇳🇴😤 pic.twitter.com/2du40SqDvw
— Mail Sport (@MailSport) June 17, 2023