Фудбал
Халанд: Ибрахимовиќ е мојот идол, сакам да бидам како него
Ерлинг Халанд, новиот напаѓач на Борусија Дортмунд, даде интервју за „Билд“, каде зборуваше и за фудбалерот што го обожава.
„Мојот идол е Златан Ибрахимовиќ. Од него можам да научам многу, пред се и како да постигнам многу голови. Исто така, сакам да го имитирам во темпераментот што го има како напаѓач, секогаш нестрплив да постигне гол. Неговата кариера е извонредна. Клаузула за раскинување на договорот? Без коментар за деталите за овој дел, сега сум во Дортмунд и сакам да победувам со Борусија“.
На прашањето зошто избра да се приклучи на Дортмунд пред Манчестер Јунајтед, Халанд одговори:
„Смешно е прашањето. Го одбрав Дортмунд затоа што тука чувството беше најдобро. Тоа е одличен клуб, отсекогаш ми се допаднал овој клуб. Кога ќе го спомнам, почнувам да се смеам бидејќи ми се допаѓа клубот, па затоа го направив овој избор. Ми се допаѓа сè. Бундеслигата е шампионат со многу добри играчи. Тоа е одлична лига, екипите играат убав фудбал и мислам дека ќе ми одговара“.