Фудбал
Халанд не е под влијание на шпекулациите за Реал Мадрид
Норвежанецот Ерлинг Халанд не обрнува многу внимание на трансфер шпекулациите поврзани со неговото име во последно време.
Халанд покажа повеќе од одлична игра пред паузата предизвикана од „Ковид19“. На 11 одиграни натпревари за новиот клуб, Борусија Дортмунд постигна дури 12 гола.
Во последно време, тој повторно е поврзан со трансферот во Реал Мадрид, но засега не го интересираат ваквите приказни, судејќи барем според тоа што го кажува.
„Јас сум фокусиран на моите партии, а не на вниманието што го привлекувам во медиумите“, рече тој за „Скај Спорт“ и додаде: „Јас само размислувам да ја завршам мојата работа и тоа е нешто што најмногу го сакам. Мојот фокус е на тоа“.
Освен Реал, неколку други велики се заинтересирани за Халанд. Во првиот ред се наоѓаат Јувентус, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.
Претходно беше откриено дека тој има откупна клаузула во неговиот договор со Дортмунд во висина од „само“ 70 милиони евра, но може да се активира само во јануари следната година, а не ова лето.
Патем, милионерите платиле на Ред Бул Салцбург само 20 милиони евра за Халанд.