Поврзи се со нас

Фудбал

Халанд не е задоволен од неговиот настап против Баерн

Дортмунд, 8 ноември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд се осврна на вчерашниот пораз од Баерн Минхен со 3:2 во мечот од 7. коло на германскиот шампионат.

  • Морам да прикажам повеќе. Ако не ги реализираме нашите шанси на толку високо ниво, нема да победиме. Баерн е најдобриот тим на светот. Борусија мора да работи понапорно за да направи чекор напред и да дојде на исто ниво со тимот од Минхен.

Халанд го постигна вториот гол за домаќините на дербито, но до крајот останаа само десетина минути, недоволни да се стигне до изедначување.

По седум кола во Бундеслигата, Берн е лидер со 18 бода, Борусија Дортмунд има 15 и се наоѓа на третото место. зс/

loading...

Facebook