Connect with us

Фудбал

„Халанд не замина во Јувентус затоа што сигурно ќе го префрлеа во резервниот тим“

После двомесечна пауза, изминатиот викенд, Бундеслигата продолжи, а Ерлинг Халанд продолжи како и досега, постигнувајќи уште еден гол.

Халанд пристигна во Дортмунд претходно оваа година од Ред Бул Салцбург за 20 милиони евра, а на 13 натпревари постигна дури 12 гола. Младиот Норвежанец покажа дека е одличен напаѓач, а тој беше стрелец против Шалке изминатиот викендот.

Во зимата голем број на клубови покажаа интерес за Халанд по одличните игри што ги обезбеди во дресот на Салцбург во првиот дел од сезоната. Сепак, тој на крајот го одбра Дортмунд, што изненадување за многумина.

Тогаш се шпекулираше дека Јувентус исто така сакаше да го донесе, но тој трансфер не се случи. Неговиот агент Мино Рајола објасни зошто Халанд не ја избрал „Старата дама“ и навивачите на овој клуб сигурно нема да го сакаат тоа.

„Зошто Халанд не замина во Јувентус? Па, затоа што тие ќе го испратеја во резервниот тим“, рече Рајола во интервјуто за „Ла Република“.

Халанд има вкупна клаузула од 75 милиони евра во својот договор, што ќе се активира во летото 2021 година, и нема сомнение дека многу великани ќе се борат за неговиот потпис.