Connect with us

Фудбал

Халанд откри против кој е најтешко да се игра: „Секој напаѓач го мрази таквиот дефанзивец“

Ерлинг Халанд е најголемата сензација во фудбалскиот свет оваа сезона.

Халанд блескаше во дресот на Салцбург во првиот дел од сезоната, а во јануари го купи Борусија Дортмунд за 20 милиони евра. Тој продолжи да се истакнува и во дресот на германскиот клуб, бидејќи на девет натпревари постигна дури 12 гола.

Младиот норвешки напаѓач стана главен во спортската јавност бидејќи веќе се шпекулира дека го напушта Дортмунд по само половина година. Неколку великани покажаа интерес за него, но Халанд не брза.

Во интервју за „Франс Фудбал“, Халанд зборуваше за многу работи меѓу кои и за тоа кој играч бил најтешкиот против кој играл во неговата кариера досега.

„Дефинитивно тоа е Ван Дијк. Играв против него двапати во Салцбург и тој е неверојатен. Тој е навистина добар во дефанзивата, многу силен и брз. Тој има неверојатни квалитети и е одличен играч. Тој е еден вид играч кој напаѓачите не го сакаат“, рече Халанд и се осврна на шпекулациите за заминување од Дортмунд по само половина година.

„Само што дојдов и многу сум среќен овде. Сакам да постигнам нешто овде и само сум фокусиран на тоа. Ќе се наежам секој пат кога ќе истрчам на стадионот на Дортмунд и тука се чувствувам навистина одлично“.