Connect with us

Фудбал

Халанд поради пари отпиша еден кандидат за потпис

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд е во сериозни разговори со повеќе европски клубови.

Сјајниот 19-годишник е подготвен за голем трансфер оваа зима и меѓу клубовите споменати како негови нови дестинации се Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд, Јувентус и РБ Лајпциг.

Сепак, според одредени информации од Германија, РБ Лајпциг испадна од трката за неговиот потпис, поради високите барања за плата.

Норвежанецот бара плата од осум милиони евра годишно. Ова е многу повеќе од сегашниот договор (1 милион евра), а Лајпциг не е подготвен да му понуди повеќе од пет.

Затоа другите се во игра. Великаните можат лесно да ги платат овие пари, како и сумата за талентиран фудбалер, која е 20 милиони евра.

Ова е секако многу привлечно за секој тим кој може да добие вистински „убствен“ напаѓач.