Фудбал
Халанд постигна повеќе голови од сите играчи на Манчестер Јунајтед во 2020 година
Младиот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд воодушеви со својата игра во Борусија Дортмунд.
Халанд потпиша за Дормтунд на почетокот на јануари, откако дојде од Салцбург. Норвежанецот беше брилијантен во првиот дел од сезоната со Салцбург, поради што Дортмунд експресно реагираше и го донесе во своите редови.
Во своето деби против Аугсбург, Норвежанецот влезе на средина од второто полувреме и успеа да постигне хет-трик. Халанд ниту вчера не беше во стартниот состав, но откако влезе на теренот тој повторно сите ги остави сè без текст.
Дортмунд го победи Келн со 5:1, а Халанд постигна два гола откако влезе од клупата. Звучи неверојатно што овој 19-годишен напаѓач има постигнато повеќе голови во 2020 година од Манчестер Јунајтед.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед постигнаа четири гола на 360 минути играни во 2020 година, додека Халанд постигна пет гола оваа година за само 59 минути поминати на теренот.
League goals in 2020:
Manchester United
4️⃣ in 3️⃣6️⃣0️⃣ minutesErling Haaland
5️⃣ in 5️⃣9️⃣ minutes pic.twitter.com/UZDYyXtYLh— Goal (@goal) January 24, 2020